Управниот суд ги одби сите тужби поднесени од Левица

Управниот суд ги одби и последните 23 тужби од Левица, откако претходно денеска истото го стори и со останатите 78 тужби од ова партија, информираат за МИА од Управен суд. Со оваа одлука Управниот суд ги потврди одлуките од Државната изборна комисија и ги одби сите 101 тужба од Левица.

Тужбите на Левица поднесени до Управниот суд се разгледуваа на повеќе јавни расправи закажани во текот на денешниот ден.

Освен по тужбите од Левица, денеска Управниот суд има закажано јавни расправи и по тужбите од Социјалдемократската унија, МОРО – Работничка партија и Демократи, чии одлуки ќе бидат јавно соопштени по завршување на расправите.

Тужби имаат поднесено и ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија” – две и Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш Северна само Македонија” – една, за кои Управниот суд закажи јавни седници за утре.

Претходно денеска од Управниот суд информираа дека тужбите поднесени од Интерга, Алијанса за Албанците и Алтернатива и едно физичко лице, се одбиваат како неосновани и се потврдуваат решенијата на Државната изборна комисија.

– Заклучно ден 22.07.2020 година, донесени се вкупно 77 одлуки од кои, 75 одлуки по тужби поднесени од тужителот Алијанса за Албанците и Алтернатива, една одлука по тужба поднесена од тужителот Интегра Македонска Конзервативна Партија, како и една одлука по тужба поднесена од тужителот Живка Арсовска и по истите донесени се пресуди со кои тужбите на тужителите се одбиваат како неосновани и решенијата на Државната изборна комисија се потврдуваат, информира Управниот суд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот