Поранешниот Вардарец Горбок ја завршува кариерата

EPA/Anders Kjaerbye

Според белорускиот веб портал „Пресбол“, Сергеј Горбок (37) одлучи да ја заврши кариерата како професионален ракометар.

Горбок ова лето се раздели со екипата на Вардар во чии бои успеа да ја освои титулата во Лигата на шампионите.

Во својата клупска кариера беше дел од Аркатрон Минск, ЗТР Запорожје, Целје, Рајн-Некар Левен, Чеховски Медведи и Пик Сегед.

Од 2001 до 2009 година играше за репрезентацијата на Белорусија, а од 2012 ги бранеше боите на руската селекција.

Тој останува да живее во Скопје, волонтира за кондициски тренер да помогне во детски одбојкарски клуб каде што тренираат неговите ќерки, Сара, Даниела и Ева. Воедно продолжува и со сопствен бизнис што го започна во текот на неговата кариера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот