Поранешниот сопруг на Софија Вергара ја покажа новата девојка: Џо Манганиело и Кејтлин О’Конор дебитираа на црвениот тепих како пар

Фото: Инстаграм/ E! News

Поранешниот сопруг на Софија Вергара, Џо Манганиело, синоќа за првпат се појави со новата девојка Кејтлин О’Конор на црвениот тепих. Двојката присуствуваше на гала настанот „Children of Armenia Fund“ (COAF) во Њујорк, а откако пред неколку месеци беше откриена нивната романса, ова нивно појавување може да се окарактеризира како чекор напред кон посериозна врска, но и празнично официјализирање на љубовната врска.

Џо Манганиело (46) и Кејтлин О’Конор, која е 13 години помлада, позирале прегрнати на црвениот тепих, каде на актерот му била врачена награда за хуманитарна работа, пишува „Пипл“ (People).

Поранешниот сопруг на Софија Вергара, својата нова партнерка ја запознал на афтер-забавата на драмата на ХБО „Winning Time: The Rise of the Lakers Dynasty“ во септември во Лос Анџелес. По таа прва средба, тие почнале да се гледаат, а пред три месеци биле видени како ја напуштаат познатата теретана во Калифорнија. Во меѓувреме неколку пати се појавиле заедно во јавноста.

Фото: Инстаграм/ E! News

Манганиело поднесе барање за развод од колумбиската актерка во јуни, седум години по нивната венчавка поради непомирливи разлики. Прашањето која е вистинската причина за раскинувањето, и покрај бројните известувања, сепак остана отворено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот