Поранешниот НБА шампион Ражон Рондо уапсен поради дрога и оружје

фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Легендарниот НБА кошаркар Ражон Рондо беше уапсен во неделата во Индијана, пренесува „ЕСПН“. Рондо е уапсен поради недозволено поседување огнено оружје, реквизити за дрога и марихуана.

– Полицијата го запре Ронда поради сообраќаен прекршок, а полицаецот почувствувал мирис на марихуана, што доведе до претрес на автомобилот, а во тоа време пронашле пиштол, марихуана за лична употреба и реквизити за дрога – изјави Стивен Вајлс, портпарол на полицијата во Индијана.

Рондо, кој има 37 години, не требало да поседува огнено оружје бидејќи претходно добил забрана на суд. Тој беше одведен во затворот во округот Џексон каде веднаш плати кауција, рече Вајлс.

За време на неговата колеџ кариера, тој играше за Кентаки, помина 16 сезони во НБА и освои две шампионски титули во НБА со Бостон селтикс и Лос Анџелес лејкерс.

Настапуваше и за Далас, Сакраменто, Чикаго, Њу Орлеанс, Атланта и Лос Анџелес Клиперс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот