Поранешниот на Емина Јаховиќ осомничен за продажба на дрога? Нивната романса ја „запали“ Турција
Садетин Саран, претседател на ФК Фенербахче и поранешен партнер на пејачката Емина Јаховиќ, неодамна беше приведен под сомнение дека е вмешан во производство и трговија со наркотици.
Препорачано
Саран, еден од најистакнатите турски бизнисмени, дал изјава како дел од истрагата што ја водат турските обвинители, пишува Би-би-си.
Постапката за давање изјава на Садетин Саран во обвинителството во Судот во Истанбул траела околу два и пол часа. Саран бил упатен во Институтот за судска медицина за давање примероци од крвта и косата. Саран бил осомничен за „употреба на дрога“, „набавка на дрога“ и „олеснување на употреба на дрога“.
Би-би-си добил изјава од Саран, кој ги негирал обвинувањата против него.
– Не можам да бидам поврзан со нешто такво – изјавил турскиот претприемач.
По тие процедури, Саран повторно бил изведен пред обвинителството и ослободен со забрана за патување во странство. Како дел од истрагата, бил претресен и неговиот дом.
Краткотрајната романса на Емина Јаховиќ и Садетин Саран беше честа тема на медиумите во текот на 2018 година. По раскинувањето, ПР-одделот на пејачката даде изјава за медиумите.
– Точно е, Емина и Садетин повеќе не се заедно. По двомесечна врска, тие сфатија дека немаат исти погледи за иднината ниту заедничка перспектива, па затоа решија секој да продолжи по својот пат – објави ПР-тимот на Емина Јаховиќ за магазинот „Свет“.
View this post on Instagram
Да потсетиме, пејачката беше во краткотрајна врска со турскиот милионер, дури и го запознала со синовите Јамам и Јавус, но кога тој почнал да ја притиска да живеат заедно, Емина се повлекла, напишаа тогаш турските медиуми.
Се проширија гласини и дека Емина го напуштила милионерот поради Дафне Самијели.
„Точно е, тоа е готово, не сум веќе со Садетин“, рекла Емина за еден турски медиум, а на прашањето дали причината за раскинувањето е наводната врска на Садетин и Дафне Самиели, само додала дека не ја познава дотичната дама и дека причина за раскинувањето е тоа што сака да биде сама некое време.
Турскиот милионер ги запознал синовите на Емина Јаховиќ: Момчињата посакуваат братче или сестриче
Емина Јаховиќ потврди дека раскинала со Садетин: Милионерот во депресија!


