Турскиот милионер ги запознал синовите на Емина Јаховиќ: Момчињата посакуваат братче или сестриче

Instagram

Не е тајна дека пејачката Емина Јаховиќ ужива во љубовта со турскиот милионер Садетин Саран, а за тоа колку нивната врска е сериозна најдобро зборува фактот што тој ги запознал нејзините синови Јаман и Јавуз.

Како што пренесуваат медиумите, момчињата се воодушевени од новиот избраник на мајка им.

„На почетокот беа срамежливи, но брзо се опуштија и одлично го прифатија. Тој се шегуваше со нив, се однесуваше будалесто и како дете, а се гледаше дека тие уживаат во неговото друштво. По првата средба редовно се гледаа со Садетин и често со него одеа во парк. Емина беше пресреќна што убаво се согласуваат, но се загрижи кога синовите ја прашаа дали наскоро ќе добијат брат или сестра. Беше шокирана од каде им текнало такво нешто, па избегнуваше да зборува на таа тема, меѓуот изреагирала.

„Брзо увиде дека Садетин на децата им „влезе под кожа“ и дека убаво го прифатија, но им објасни дека е уште рано да се зборува за бебе и дека ќе мора да причекаат“, рекол изворот.

Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот