Поранешниот капитен на Србија, Коларов ја заврши кариерата

Александар Коларов/фото: EPA-EFE/SRDJAN SUKI

Поранешниот српски репрезентативец Александар Коларов и официјално стави крај на својата играчка кариера. Коларов најави дека ќе остане во фудбалот бидејќи планира да спортски директор и скаут.

– Доаѓам до крајот на оваа фаза од мојот живот чувствувајќи големо задоволство од постигнатото. Се надевам дека со моето секојдневно докажување на теренот и надвор од него барем делумно се оддолжив за оваа прекрасна игра и на сите оние кои ме поддржаа. Сега сум фокусиран на мојот „нов живот“ во фудбаот. Наскоро во Националниот фудбалски центар на Италијанската фудбалска федерација во Коверчано ќе започнам со школување за спортски директор и за скаут – изјави Коларов.

Коларов најголеми успеси во кариерата имаше настапувајќи за Манчестер сити со кого освои две титули во Премиер лигата, еден ФА Куп, два Лига купа и еден Комјунити шилд.

Коларов професионалната кариера ја започна во Чукарички, а има играно и за ОФК Београд, Лацио, Рома и Интер кој му беше последен клуб во кариерата.

За репрезентацијата на Србија одигра 94 натпревари и постигна 11 голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот