Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид по вторпат објави крај на кариерата

Фото: EPA/SERGIO BARRENECHEA

Eкс-фудбалер на Реал Мадрид и холандски репрезентативец, Ројстон Дренте објави дека и дефинитивно ја завршува кариерата како фудбалер.

Претходно Холанѓанецот објави пензија во 2017 година, но потоа продолжи во втората холандска лига, а сега вели дека дефинитивно завршува. Дренте во кариерата го носеше дресот на Реал Мадрид, Феенорд, Аланија, Ридинг…

Кога во 2017 година објави крај играчката кариера најави дека ќе стане рапер, но подоцна се врати и до денес беше член на Козакен Бојс, тим од втората лига во Холандија.

„Сега е навистина крај. Раководството на сегашниот клуб се повика на тренерот кој најавил дека ќе се раздели со неколку играчи. Тренерот негираше, но јас веќе кажав дека ставам крај. Не знам што ќе правам во иднина, тренерската работа дефинитивно не е замене. Веројатно ќе се сконцентрирам со работата на телевизија. Забавно е, би требало да има нови проекти и сигурно ќе бидам околу фудбалот. Имав убаво патување и тука е крајот“, изјави Дренте.

Во едно интервју неодамна Дренте истакна дека во кариерата премногу бил фокусиран на забави и жени што му правело проблем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот