Поранешниот директор на ЕСМ Стефанов уапсен на „Табановце“, денеска спроведен во Кривичниот суд
На граничниот премин „Табановце“ синоќа е приведен поранешниот директор на АД ЕСМ, Васко Стефанов, кој е еден од осомничените во акцијата на МВР и Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупцијата (ОЈО ГОКК).
Тој како што јавуваат медиумите бил спроведен во Кривичниот суд во Скопје.
Меѓу осомничените е и поранешниот директор на ЕСМ и РЕК „Битола“ Васко Ковачевски. За него премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека е надвор од земјата, но дека во текот на денот очекува да биде обезбеден.
Осомничени за злоупотреба на јавни набавки со адитиви наменети за потребите на РЕК Битола и на ТЕЦ „Осломеј“, но и во ТЕЦ „Неготино“ се товарат и ексдиректорите на РЕК Битола Пеце Матевски и на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ. Според изјавата на премиерот, нанесената штета се проценува на 6,5 милиони евра.