Поранешната сопруга на Мишо Ковач за ноќта кога го загубиле синот: Го молев да не купува пиштол, да не му го дава

Фото: Штампани екран/xxzmagazin.com/miso kovac/dalmatinski individualac

Љубовта меѓу мисицата Анита Батурина и Мишо Ковач започнала кога таа имала само 18 години, а тој бил во брак со Љубица Ковач.

По две години парот застанал на „лудиот камен“, а набрзо го добиле и синот Еди, а потоа и ќерката Ивана.

Живееле во Загреб, во луксузен стан во Горњи град, го пропатувале речиси целиот свет, а медиумите се „хранеле“ со приказните за мирен семеен живот без конфликти и афери. Сликата на идеално семејство траела до почетокот на 90-тите, кога нивниот син Еди настрадал во војната. Приказна за тоа што точно се случило и како едно семејство се распаднало.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Анита сега во голема исповед за хрватските медиуми, ги раскажала деталите од трагичната ноќ кога го загубиле синот.

„Мишо и јас ги воспитавме да бидат секогаш добри кон другите деца и да им помагаат, па секогаш беа опкружени со своите врсници. Потоа дојдоа 90-тите и Еди стана Bad Blue Boy. Му реков на Мишо дека тоа воопшто не ми се допаѓа и дека мораме да направиме нешто за да го фокусираме на училиштето, но Еди не се даваше“, се сеќава Анита на настаните пред трагедијата.

„Мишо тогаш направи една глупост. Купи пиштол и му го даде на Еди. Го молев да не го прави тоа, на детето да му даде оружје во рацете, но Мишо имаше огромна доверба во Еди и ми тврдеше дека нашиот син е доволно одговорен и дека знае што има во рацете. А, Еди повеќе не се одвојуваше од пиштолот. Го носеше дури и на излегувања. Се до таа кобна вечер во април 1992.. Еди секогаш се јавуваше ако останеше подолго и секогаш знаевме каде беше и што правеше. Но, таа вечер не се јави, а не дојде ниту дома до 22 часот. Ниту до 23:00 часот. Одев по станот полудена од загриженост, со некое лошо претчувство. Го молев Мишо да направи нешто, да оди да го бара. И тој беше надвор од себе од грижи, но не знаеше кому да се јави, каде да оди. Јас излегував пред куќата, гледав по улицата, чекајќи Еди да се појави од некаде. Околу три и пол по полноќ ни заѕвони телефонот. Се јави Мишо и занеме. Полицијата му јави дека Еди е во Драшковиќева, во Болницата за трауматологија и дека му рекле дека Еди „има полесна повреда на мозокот“.

Веднаш отишле во болницата и Анита вели дека тогаш последен пат го видела својот син.

„Тој имаше завој околу челото, а лекарите беа многу оптимисти околу неговото закрепнување. Ни рекоа дека куршумот поминал покрај фронталниот дел од мозокот и дека Еди ќе се извлече, но дека најверојатно ќе има проблеми со моторика на десната рака. Ништо не укажуваше на лош исход“, се сеќава Анита на ноќта во која Еди настрадал, по што поминал уште неколку дена закрепнувајќи во Драшковиќева.

„Како што ми рекоа подоцна, еден од лекарите дошол во визита и ја тргнал прекривката од Еди. Се шокирал кога видел дека стомакот му е отечен и полн со течност. Итно го префрлиле во КБЦ Ребро и откриле дека е полн со бактерии. Еди поради нечија намерна или ненамерна грешка почина од сепса во најголеми маки и тоа ми е и денес најтешко да го прифатам. Нашиот син не требаше да умре“, раскажала Анита Батурина.

Анита Батурина и Ивана Ковач/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Смртта на детето е сигурно најлошото нешто што може да им се случи на родителите. Дотолку повеќе што првичните прогнози биле охрабрувачки и ништо не навестувало таков крај. Мишо бил целосно скршен човек и, како што вели Анита, веднаш видела дека нема да може да се справи со тагата поради губењето на синот.

„И јас се распаѓав, но му реков на Мишо дека мораме да се собереме поради Ивана. Таа беше во чувствителни годиниимаше 14, остана без саканиот постар брат, а потоа гледаше и како ние двајца само плачеме и молчиме. Нашето девојче страдаше само“, ги опишува Анита најтешките денови во животот кој го воделе до целосен распад на некогаш среќното семејство.

Фото: Профимедиа

Потоа Ковач го напуштил семејството поради многу помлада жена, а неговата ќерка се оддала на наркотици, па дури и се обидела да си го одземе животот земајќи преголема доза лекови. Сите тие потреси биле тешки за пејачот, кој веќе бил на работ од нервите.

Мишо Ковач хоспитализиран поради проблеми со дишењето

Мишо Ковач пак примен во болница, има пневмонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот