Мишо Ковач пак примен во болница, има пневмонија

Мишо Ковач хоспитализиран поради респираторни проблеми/ Фото: ЕПА

Мишо Ковач повторно е итно хоспитализиран, откако пред два дена имал висока температура.  Во текот на вчерашниот ден дошла брза помош по него во Строжанац, каде моментално живее со сопругата Лидија во стан под кирија, јавува „Слободна Далмација“.

Лекарите се сомневаат дека е почеток на пневмонија. Мишо бил тестиран и за коронавирус, а наодите покажале дека и Лидија и тој биле негативни.

„Не можам да зборувам, не ми е добро“,  изјавила неговата сопруга, која поголемиот дел од денот го поминала со него.

Таа му ги однела облеката и мобилниот телефон на пулмолошкиот оддел, каде се наоѓа тој.

Мишо на крајот на октомври заврши во болница, но по неколку дена лекарите решија да го пуштат на домашно лекување и дополнителни прегледи кои што биле неопходни за да се уверат во неговата здравствена состојба.

Пејачот во јули наполни 80 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот