Поранешната репрезентативка Гивенс замина во пензија, ќе стане тренер

Поранешната репрезентативка на Македонија, Криси Гивенс одлучи да стави крај на играчката кариера.

Гивенс повеќе нема активно да се занимава со кошарката, таа одлучи да стави крај на својата богата, пред се, интернационална кариера.

Оваа 35-годишна Американка ќе ја паметиме и по настапите за нашиот женски национален тим. Пред пет години, на првиот квалификациски турнир за Европскиот шампионат во 2015 година, Американката со македонски пасош во дуелите со Португалија, Израел и Германија, дојде до просек од 16.7 поени, 8.скока и 4.7 асистенции за вкупно 124 минути поминати на паркетот.

Потоа, во оние квалификации за Евробаскетот 2015 година, Гивенс ги одигра сите шест натпревари за нашиот женски сениорски национален тим, против селекциите на Велика Британија, Литванија и Белгија. Притоа имаше и најдобар просек изразен преку реализација на 27.5 поени, 8.2 скока и 3.78 асистенции по натпревар.
Последната сезона во Европа, Гивенс ја одигра како играч на романскиот прволигаш Сепси.

На 20. мечеви во регуларниот дел од сезоната која беше прекината поради пандемијата предизвикана од корона вирусот, 180. сантиметри високата натурализирана Македонка во просек реализираше по 16.5 поени, имаше и 4.8 скока, и 2.5 асистенции за просечни 23.8 минути поминати на теренот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот