Поранешната портпаролка на Белата куќа ангажирана во „Фокс Њус“

Фото: Миа

Сара Сандерс, поранешна портпаролка на Белата куќа, се вработи во телевизијата „Фокс Њус” како редовен соработник за политички коментари и анализи, јави телевизијата.

Сандерс ќе биде ангажирана како коментатор во сите Фокс Њус медиуми и премиерно ќе настапи во емисијата Фокс и пријатели, соопшти телевизијата.

– Фокс е број еден медиум за вести во земјата веќе 17 години и за мене е голема чест да се приклучам на тимот соработници кои даваат политички коментари и анализи, изјави Сандерс.

Таа беше портпаролка на Белата куќа од јули 2017 до јуни 2019 година. Сандерс беше трета жена и прва мајка која некогаш била на таа клучна позиција во Администрацијата во Вашингтон.

Пред да стане портпарол, Сандерс во јануари 2017 година беше ангажирана како заменик на портпаролот на Белата куќа, а претходно работеше и како советник во изборната кампања на Доналд Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот