Поранешната маќеа на Линдзи Лохан е уапсена, пијана го нападнала таткото на актерката и му го скршила носот
Кејт Лохан, некогашната маќеа на актерката Линдзи Лохан, е уапсена во Тексас по насилен инцидент во кој физички го нападнала својот поранешен сопруг, Мајкл Лохан. Инцидентот се случил при средба за преземање на нивните заеднички деца, синовите Ландон и Логан, пишува „ЈуЕс“.
Препорачано
Според полицискиот извештај, Кејт почнала да го удира Мајкл, при што му го скршила носот. Во еден момент нападот станал уште поопасен, таа отишла во кујната, зела нож и го фрлила кон него. За среќа, ножот се одбил од неговите гради и не му нанел сериозни повреди.

Полицијата брзо пристигнала на местото на настанот и ја привела Кејт. Во судските документи е наведено дека таа била во видливо алкохолизирана состојба за време на апсењето. Одредена ѝ е кауција од 35.000 долари, а како услов за пуштање на слобода е наведено задолжително тестирање на алкохол и строга забрана за каков било контакт со Мајкл.

Ова не е прв пат семејството Лохан да се најде во полициските билтени. Кејт веќе беше осудувана за напад на член на семејството во 2024 година, додека Мајкл Лохан беше уапсен минатата година поради физички напад врз својата тогашна партнерка.
Како што пренесуваат странските медиуми, ситуацијата ескалирала кога Кејт „направила хаос“ затоа што Мајкл ја разбудил.


