Поранешната љубовница на Гордон Ремзи: „Тој е насилник, измамник, лажго и сериски женкар!“
Наводната поранешна љубовница на славниот британски готвач Гордон Ремзи се огласи откако на платформата Нетфликс беше објавен неговиот документарец „Да се биде Гордон Ремзи“ (Being Gordon Ramsey), оценувајќи дека е „неискрен“ и „измамнички“.
Препорачано
Како што пренесува „Мирор“, Сара Сајмондс, која тврди дека седум години била во афера со готвачот – што тој категорично го негира – изјави дека серијата ѝ предизвикала посттрауматски стрес и повторно ѝ ги отворила старите рани.
Педесет и шестгодишната Сајмондс го нарече документарецот „лажен“, а неговиот брак со сопругата Тана Ремзи го опиша како „измама“. Серијата од шест епизоди, која започна со емитување минатата недела, нуди увид во поранливите аспекти од животот на 59-годишниот телевизиски готвач, кој во неа дури и плаче додека зборува за своето работничко потекло и за чувството на отсутност како татко во раното детство на своите деца.

Сајмондс, која во минатото беше нарекувана и „професионална љубовница“ поради врски со други оженети мажи, меѓу кои и политичарот Џефри Арчер, тврди дека со Ремзи се гледала од 2001 година. Во 2007 година ја објави книгата „Да се има афера?“.
За „Дејли мејл“ изјави дека насловот на документарната серија е „целосна лага“, додавајќи дека станува збор за „прикриена“ верзија од готвачот, кого го опиша како „насилник, измамник, лажго и сериски љубовник“.
Таа нагласи дека описот на серијата како „непоколебливо искрена“ ја „тера да вреска“, истакнувајќи дека сè уште се обидува да се опорави од траумата поврзана со нивната наводна врска. Гордон Ремзи, пак, негира дека некогаш имал афера и тврди дека обвинувањата се неточни.
Сајмондс се осврна и на семејната драма што ја потресе фамилијата Ремзи по свадбата на нивната ќерка Холи минатиот месец. Мајката на зетот, Керолајн, не присуствувала на свадбата поради нарушени семејни односи, по што Сајмондс стапила во контакт со неа преку социјалните мрежи. Таа изјави дека се зближиле поради, како што вели, заедничкото лошо искуство со готвачот и дека сакала да ѝ даде поддршка во тешкиот период.
ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Македонец на чело на ресторан на Гордон Ремзи во Малезија


