Поранешен скаут на Реал брутално го критикуваше Винисиус: Треба да носат фудбалери кои имаат мозок
Поранешниот скаут на Реал Мадрид, Маноло Ромеро, жестоко го нападна Винисиус Жуниор по елиминацијата од Баерн Минхен во Лига на шампиони.
Препорачано
Искусниот скаут не штедеше критики, доведувајќи ја во прашање фудбалската интелигенција на Бразилецот, откако „кралевите“ ја завршија европската сезона со вкупен пораз од 6:4. Во реваншот, Баерн славеше со 4:3 благодарение на головите на Михаел Олисе и Луис Дијаз во финишот од средбата.
Ромеро директно го посочи Винисиус како еден од главните виновници за неуспехот, нагласувајќи дека тимот скапо ја платил неговата неефикасност пред голот. Според него, проблемот не е само во реализацијата, туку и во тактичката зрелост на дел од играчите.
Тој изрази разочараност од фудбалерите за кои смета дека немаат доволно дисциплина и ментален пристап за да го носат дресот на најтрофејниот клуб во историјата. Потсетувајќи се на своето искуство со младите категории, Ромеро потенцираше колку се важни работата и фокусот на тренинзите.
„Колку емисии посветив зборувајќи дека мора да работат на завршницата, дека мора да работат на главата? Гледам дека мозокот на Винисиус не функционира. Тоа мора да се поправи, тоа е реалноста. Прво, треба да донесеме играчи кои имаат мозок. Уморен сум од фудбалери без мозок кои го носат најпознатиот дрес во историјата на фудбалот“, изјави Ромеро за Кадена СЕР.
Камавинга им се извини на навивачите за црвениот картон против Баерн
Гана на Мундијалот ќе ја води поранешен тренер на Реал и Манчестер јунајтед


