Гана/EPA/ANNA SZILAGYI

Гана на Мундијалот ќе ја води поранешен тренер на Реал и Манчестер јунајтед

Фудбалска Федерација на Гана донесе одлука за селекторската позиција пред претстојниот Мундијал, откако го официјализираше ангажманот на Карлос Квеирош. Искусниот 73-годишен стратег прифати краткорочен договор со важност до крајот на Светското првенство 2026.

Португалецот, кој во кариерата ги водеше и Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, последно работеше во Оман, од каде неодамна замина. Со прифаќањето на оваа улога, Квеирош ќе го запише својот петти настап на мундијалите, израмнувајќи се со легендарниот Бора Милутиновиќ.

Во својата богата кариера, тој ја предводеше Португалија на Светското првенство во Јужна Африка, додека со Иран настапи на турнирите во Бразил, Русија и Катар.

Најзабележителен резултат оствари на Светско првенство 2010, кога со Португалија стигна до осминафиналето, каде што беше елиминиран од Шпанија.

Гана ќе настапи во групата Л на претстојниот мундијал, каде што за ривали ќе ги има Англија, Хрватска и Панама.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот