Едуард Камвинга/Real Madrid C,F

Камавинга им се извини на навивачите за црвениот картон против Баерн

Францускиот репрезентативец Едуардо Камавинга се обрати до јавноста по елиминацијата на Реал Мадрид од Лигата на шампионите, во која беше посочен како еден од трагичарите на натпреварот.

„Кралевите“ по поразот во првиот четвртфинален дуел во Мадрид од Баерн Минхен (1:2), во реваншот во Минхен водеа со 3:2 сè до 86. минута. Токму тогаш Камавинга заработи втор жолт картон, што автоматски значеше исклучување, Баерн до крајот направи пресврт.

Само три минути подоцна Луис Дијаз израмни, а во судиското продолжение Михаел Олисе донесе целосен пресврт и победа за Баерн од 4:3. Така германскиот тим со вкупни 6:4 обезбеди пласман во полуфиналето.

„Ја преземам одговорноста за својот дел. Сакам да им се извинам на тимот и на навивачите. Ви благодарам за поддршката, да живее Реал Мадрид“, порача Камавинга.

Неговото исклучување предизвика бурни реакции во јавноста. Дел од фановите го обвинија Французинот, додека други го критикуваа судијата Славко Винчиќ, сметајќи дека одлуката била престрога. Камавинга најпрво направи прекршок, а потоа не ја врати топката на местото, туку ја оттурна неколку метри, по што словенечкиот арбитар му покажа втор жолт картон.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот