Фарел Вилијамс и Чед Хуго / Фото: Gary Gershoff / Getty images / Profimedia

Поранешен колега по вторпат го тужи Фарел Вилијамс за неплатени авторски права, тврди дека му должи милион долари

Чед Хуго, поранешен член на „Нептунс“, повторно го тужи својот продуцентски партнер Фарел Вилијамс, познат музичар и моден дизајнер. Хуго тврди дека Вилијамс му должи милион долари за еден од албумите на групата „Н.Е.Р.Д.“, која двајцата ја основаа со Шеј Хејли во 1992 година, пишува „Ролинг стоун“.

Адвокатите на Хуго поднесоа тужба против Вилијамс, тврдејќи дека имало „систематско негирање“ на авторските права и правата на Чед како партнер во „Нептунс“ и „Н.Е.Р.Д.“, поточно во врска со албумот „No One Really Dies“ од 2017 година.

– Вилијамс ги следел своите интереси, криел материјални информации и пренасочувал приходи што му припаѓале на тужителот. Таквото намерно, измамничко и злонамерно однесување бара доделување казнена отштета – напишал адвокатот Брент Џ. Леман во тужбата.

– По години прикривање од страна на Фарел и неговиот тим, г-дин Хуго немаше друг избор освен да бара значителна штета и одговорност на суд. Со нетрпение очекуваме да презентираме докази и да ја побараме целосната заштита што ја нуди законот – додал тој.

Чед претходно го тужеше својот колега, во 2024 година. Во таа тужба, тој тврдеше дека Фарел „измамнички“ се обидел да добие ексклузивна контрола врз трговските марки поврзани со нивната продукција и работа на пишување песни како „Нептунс“. Тој тврдеше дека Вилијамс регистрирал три одделни трговски марки за „Нептунс“ без да го вклучи Хуго, наводно кршејќи го нивниот долгогодишен договор за подеднакво споделување на сè.

Хјуго и Вилијамс продуцираа и напишаа некои од најголемите хитови од 2000-тите како „Нептунс“, вклучувајќи ги „Drop It Like It’s Hot“ на Снуп Дог, „Rock Your Body“ на Џастин Тимберлејк и „Hollaback Girl“ на Гвен Стефани. Тие ги продуцираа своите последни песни заедно во 2022 година, истата година кога беа примени во Куќата на славните на текстописците.

Откако Чед ја поднесе својата прва тужба, Фарел во едно интервју рече дека тие повеќе не разговарале.

ФОТО+ВИДЕО | Фарел Вилијамс го има најтенкиот часовник на светот: Чини вртоглави 1,7 милиони евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот