ФОТО+ВИДЕО | Фарел Вилијамс го има најтенкиот часовник на светот: Чини вртоглави 1,7 милиони евра

Фото: ALAIN JOCARD / AFP / Profimedia

Претходно оваа недела за време на Париската машка модна недела, Фарел Вилијамс ја претстави својата втора колекција како креативен директор на машка облека во „Луј Витон“, инспирирана од американскиот вестерн.

Така, како дел од неа, се издвојуваше облеката која изгледаше како да е дојдена од ранчот, а речиси секој модел носеше некоја верзија на каубојска капа.

Но, она што на многумина им падна во очи е часовникот што го носеше Фарел. Ова не е изненадувачки бидејќи часовникот е прилично уникатен. Имено, станува збор за часовник Richard Mille RM UP-01 Ferrari, кој постави рекорд како најтенок часовник во светот во 2022 година кога беше лансиран. Но, тој исто така шокираше многумина со неговата висока цена од 1,7 милиони евра, пишува хрватски „Индекс“.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Овој ултра тенок часовник може да се пофали со дебелина од 1,75 мм, а за да го постигне ова, RM го спакува целиот механизам со дебелина од 1,18 мм во куќиште од 51 мм x 39 мм. Основната плоча и мостовите на RM UP-01 се направени од титаниум од 5-ти степен.

Само 150 примероци од овој часовник беа достапни, а повеќе за него можете да видите овде.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот