Поранешен германски репрезентативец поради проблеми со повреди ја заврши кариерата на 30 години
Никлас Зиле донесе изненадувачка одлука да стави крај на професионалната кариера по завршувањето на актуелната сезона, иако има само 30 години. Причината за ваквиот чекор се честите и сериозни повреди кои со години го следат германскиот дефанзивец.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Стоперот на Борусија Дортмунд зад себе остава богата кариера во Бундеслига, каде настапуваше и за Баерн Минхен и Хофенхајм. Во германската елита одигра речиси 300 натпревари и освои пет шампионски титули, два трофеи во Купот на Германија, како и историската тројна круна со Баерн во 2020 година.
Во дресот на Германија запиша 49 настапи и беше дел од селекцијата која го освои Купот на конфедерации 2017.
„Сакам да објавам дека ова лето ја завршувам кариерата“, кусо порача Зиле, кој моментално повторно е надвор од терените поради повреда.
Германскиот дефанзивец откри дека пресуден момент за ваквата одлука била повредата заработена на натпреварот против Хофенхајм. Стравот од ново кинење на вкрстените лигаменти силно влијаел врз него, а самиот призна дека минувал низ тежок психолошки период додека ги чекал резултатите од лекарските прегледи.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
23мин
-
39мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


