Поранешен европски шампион пред банкрот: Мора да обезбеди 100 милиони евра!

EPA/ESTELA SILVA

„Еуроспорт“ ја анализираше ситуацијата во овој клуб, а констатацијата дека „змејовите“ се најзагрозен гигант во европскиот фудбал“..

Фудбалскиот клуб Порто се соочува со големи предизвици, барем кога станува збор за финансискиот аспект на бизнисот. Порто ја освои титулата во Лигата на шампионите во 1987 и 2004 година.

Последиците од пандемијата на коронавирус се чувствуваат, до таков степен што некои клубови веќе се и згаснати. Двократниот европски фудбалски шампион, Порто, Португалија, исто така е во вистинска опасност од банкрот.

„Еуроспорт“ ја анализираше ситуацијата во овој клуб, а констатацијата дека „змејовите“ се најзагрозен гигант во европскиот фудбал“, доволно говори каква е ситуацијата меѓу „сино-белите“.

Опстанокот на Порто е загрозен освен доколку нешто итно не се промени во неговиот начин на деловно работење. Загубите на овој клуб не се намалуваат од сезона во сезона, а главниот извор на приход се банкарските заеми, фондовите, ТВ-правата, како и продажбата на играчи.

Исто така се наведува дека Порто мора да обезбеди 100 милиони евра евра до крајот на јуни за да не се соочи со казни од УЕФА во однос на финансискиот фер-плеј.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот