Порака во шише патувала 2 години и поминала 4.300 км – ја пронашло куче на плажа во Шкотска
Порака во шише која била пуштена од брод во близина на Канада беше пронајдена на плажа на североистокот на Шкотска. Кратко писмо, напишано на француски јазик, датирано од 2024 година, било пронајдено во шише во близина на црквата Свети Кир во крајбрежниот дел на Абердиншир, пишува Би-би-си.
Препорачано
Шишето било пронајдено за време на прошетка на плажа од страна на едно од кучињата на шеесетгодишниот Мајк Скот, кој рекол дека бил воодушевен од откривањето на порака во шише кое патувало 4.300 километри преку Атлантикот.
– Додека шетав, моето куче Меги намириса шише што го најде на брегот. Видов дека има нешто во темното стаклено шише и утврдив дека станува збор за писмо на француски јазик. Го однесов дома и го преведов текстот на пораката – рекол Скот.
Тој открил дека во пораката пишувало дека шишето било фрлено во морето од ферибот што патувал помеѓу островот Принц Едвард и островот Мадлен во август 2024 година, а пораката била потпишана од Ени Шиасон.
– Тоа мало стаклено шише преживеало две зими на отворено море, патувајќи од источниот брег на Канада, преку Северниот Атлантик, до врвот на Шкотска што се наоѓа на североисточниот брег во близина на црквата Свети Кир во Абердиншир. Испраќачот нè замоли да го известиме ако го најдовме“, рекол Скот, додавајќи дека ја пронашол и контактирал жената што го фрлила шишето во морето преку Фејсбук, но досега не добил одговор од неа.


