Поради проблеми со срцето, Олдриџ ја заврши НБА кариерата

epa07515036 Denver Nuggets player Jamal Murray (R) tries to block a shot against San Antonio Spurs player LaMarcus Aldridge (L) during the NBA Western Conference Playoffs game three between the Denver Nuggets and the San Antonio Spurs at the AT&T Center in San Antonio, Texas, USA, 18 April 2019. EPA-EFE/LARRY W. SMITH SHUTTERSTOCK OUT

Ламаркус Олдриџ после 15 години на НБА терените, преку социјалните мрежи ја информираше јавноста дека одлучи да се пензионира..

Оваа одлука ја донесе после одигрувањето на последниот натпревар, на кој беше загрижен за своето здравје.

– Го одиграв последниот натпревар и почувствував дека срцето ми чука неправилно. Подоцна таа вечер ми беше уште полошо, па навистина бев загрижен. Следниот ден му кажав на клубот сè, а потоа бев во болница. Сега сум подобро, но она што го почувствував со моето срце таа ноќ беше едно од најстрашните нешта што сум го доживеал. И поради тоа, донесов тешка одлука да се пензионирам од НБА. За 15 години кошарката ми беше приоритет број еден, сега е време за моето здравје и семејството како прво – напиша Олдриџ на социјалните мрежи.

Тој беше избран на драфтот во 2006 година, како втор пик, од Портланд, за кој играше до 2015 година.

– Благодарен сум за сè, за спомените, подемите и падовите, пријателствата кои. Благодарност до Портланд што го драфтуваше едно слабо момче од Тексас и му даде шанса – вели Олдриџ.

Пет години беше во дресот на Сан Антонио, пред две недели потпиша за Бруклин, воедно седумпати беше учесник на „Ол Стар“ натпреварите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот