Поради овие грешки може да изгледате НЕУРЕДНО

Кога зборуваме за неуреден изглед, обично замислуваме личност во искината и неуредна облека и со мрсна коса. Меѓутоа, постојат и други суптилни знаци и скриени детали поради кои можеме да изгледаме неуредно.

Ова е листа на некои детали кои можат да остават впечаток на неуредна личност. Посветете внимание на својот изглед како би биле сигурни дека секогаш изгледате беспрекорно.

Коренот на косата

Не е важно дали вашиот корен е потемен или посветол. Коренот на косата во различни нијанси може да ве направи неуредна и дефинитивно може да делува на првиот впечаток.

Што да направите:

Ако радикално ја променете бојата на косата, погрижете се редовно да го боите израстокот. Ако ви здодеало постојано да ја бојадисувате косата, можете да ја вратите во својата првобитна боја.

Стегач за коса на рака

Честопати се случува вработените жени да си ја врзуваат косата. Тоа е многу практично. Но, неуредната коса може да ви го упропасти целиот изглед. Стегачот за коса не е нараквица или часовник; припаѓа само на вашата коса или во вашата чанта.

Што да направите:

Носете убави белегзии на рацете и чувајте си по некој стегач во своите чанти.

Горен јазол

Што обично правиме кога косата ни пречи и немаме време за правење совршени фризури?

Ја врзуваме високо опавче, а остануваат неуредни врвови на косата. Оваа фризура е совршена кога седите дома и никој не може да ве види, но се сомневаме дека би била соодветна за на работа.

Што треба да направите:

Одвојте неколку минути да ја поправите својата коса. Носете сув шампон, мал чешел, а шнолите се секогаш добра идеја. Врзете ја косата во коњско опавче или плетенки.

Неуредни нокти

Можеби мислите дека тоа е небитен детал и дека никој никогаш нема да забележи. Но, некои луѓе забележуваат такви детали и тие мали детали прават со изгледот  да оставите лош впечаток. Дури и безпрекорниот изглед може да го уништат неуредните нокти.

Што треба да направите:

Редовно грижете се за рацете и ноктите. Потребно е само две минути дневно ако користите хидратантна крема, крема за кутикули и обавезно сечете ги ноктите.

Погрешна нијанса на пудра

Ако нијансата е премногу темна или премногу светла, лицето нема да биде соодветно на вратот и тоа не изгледа убаво.

Што треба да направите:

Кога ќе одберете нијанса на пудра, пробајте неколку примероци. Нанесете од секоја нијанса на брадата и одберете ја онаа која ви одговара на вашиот врат.

Две големи торби одеднаш

Голема торба за купување е убав избор своите намирници да ги однесете од автомобилот до куќата. Меѓутоа, не е паметно да ја носите секој ден заедно со својата чанта. Постои можност да изгледате збунувачки.

Што треба да направите:

Погледнете внимателно што имате внатре во овие чанти. Дали ви се потребни сите работи кои ги носите во двете?

Кога се гледа долната облека

Ако делот од облеката не е ремен од градникот кој ѕирка од под блузата или крој од облеката на панталоните, невкусно е.  Напротив, луѓето околу вас ќе помислат дека не сте се виделе во огледало.

Што треба да направите:

Задолжително внимавајте вашата долна облека да биде под облеката .

Сува кожа

Сите знаеме дека кожата мора да биде хидрирана. И тоа не само затоа што е сува кожа туку и затоа што предизвикува појава на брчки многу порано и затоа што сувата кожа на лицето изгледа многу неуредно и рапаво.

Што треба да направите:

Редовно користете хидрантни креми и серуми.

„Расцветани“ краеви на косата

Ако веќе неколку месеци ја „пуштате“ косата, тоа не значи дека не треба да ги потскратувате краевите. Кога ќе се појават разделени краеви, тие можат да ви ја упропастат целата фризура. И кој го сака тоа?

Што треба да направите:

Закажете термин кај својот фризер.

Постојано ја поправате облеката

Честите обиди да се поправи облеката се иритирачки како за вас така и за луѓето околу вас. Луѓето ќе помислат дека сте купиле многу неудобна облека за себе и тоа не е впечаток кој сакате да го оставите.

Што треба да направите:

Одберете облека која добро ви прилега и ви е удобна така да не морате често да ја поправате.

Испукани усни

Светла нијанса на кармин кога се става на испукани усни – тоа го прави проблемот уште поголем. Изгледате како да имате 15 години и сте се бакнувале на ладно. Не може да се окарактеризира со пристоен изглед .

Што треба да направите:

Не користете светли кармини додека усните не ви заздрават. Преминете на хидратантен сјај за усни. Ако усните ви се многу суви, користете посебни третмани.

Влакна од домашни миленици на облеката

Луѓето сигурно ќе ги забележат влакната од вашиот домашен миленик ако се „залепени“ за вашата облека. А тоа ќе го упропасти вашиот моден изглед.

Што треба да направите:

Не ја носете својата најубава облека додека си играте со своите домашни миленици. Секогаш проверувајте дали на вашата чиста облека има влакна. Носете мини правосмукалче во вашата чанта или автомобил или чувајте го на работа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот