Поради мутации на коронавирусот Германија затвора граници кон Австрија и Чешка

Германија в недела ќе ги затвори своите граници со Австрија и Чешка поради опасност од ширење на мутирани видови на коронавирусот, соопшти денеска германското Министерство за внатрешни работи.

„Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер одлучи да воведе привремени контроли на граничните премини кон Чешка, покрај граничните контроли кон Австрија, кои постојат од бегалската криза”, соопшти Министерството.

Целта на тие мерки е да се спречи ширењето на мутирани видови на коронавирусот во Германија.

Од тие области, забранет е влез во Германија, со исклучок на германски државјани и странци со постојан престој во Германија.

Извор: МИА

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот