Поради мирисот на пликоата и алергија во Приштина прекинато броењето гласови од Србија – Слободен печат
ВестиРегион

Поради мирисот на пликоата и алергија во Приштина прекинато броењето гласови од Србија

Како што е соопштено од Универзитетскиот болнички центар на Косово, на Инфективна клиника околу 12 часот пријавени се 9 пациентки од кои две биле бремени, со симптоми на чешање на раката со низок интензитет.

Во Центарот за броење и резултати во Косово, денеска околу 11 часот, во текот на пребројувањето на гласовите пристигнати преку пошта од Србија, дошло до алергиска реакција кај неколку службеници, поради што било прекинато пребројувањето на гласовите, информира Неделник.рс. Според Газета Експрес, станува збор за пликоа кои стигнале од Србија, а дел од членовите на комисијата добиле алергија на рацете и лицето, откако ги дпореле пликоата.

Како што е соопштено од Универзитетскиот болнички центар на Косово, на Инфективна клиника околу 12 часот пријавени се 9 пациентки од кои две биле бремени, со симптоми на чешање на раката со низок интензитет.

„Две пациентки повраќаа. Сите имаа чувство на непријатност и страв. Во сите случаи немаше инфективен синдром и општата состојба им е стабилна. Пациентките тврдат дека веднаш по отворањето на ковертите од гласачките кутии, почувствувале непријатен мирис“, се наведува во соопштението.

Се додава дека дежурната екипа на Инфективната клиника им пружила лекарска помош на пациентките.

Портпаролот на Централната изборна комисија, Валмир Елези, потврди дека обвинителот и полицијата излегле на местото на настанот и вршат истрага, и дека се чека нивен извештај.

Портпаролот на полицијата на Косово, Даут Хоџа, изјави дека полицијата поседува информации и дека од полициски аспект го води случајот. За останатите детали, Хоџај ги упатува медиумите на адреса на Централната изборна комисија на Косово (ЦИК) и здравствените власти.

Во Косово, минатата недела, на 6 октомври се одржаа предвремени парламентарни избори и во Центарот за броење и резултати во тек е пребројувањето на гласовите пристигнати преку пошта и од странство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close