Поради љубовта се откажа од престолот и милионите: Сега работи како неплатена волонтерка

Фото: ЕПА-ЕФЕ

Поранешната јапонска принцеза Мако, која се откажа од своите титули – и исплатата од 1,3 милиони долари, сега наводно е неплатена волонтерка во Метрополитен музејот на уметност во Њујорк. Причината зошто Мако се откажа од сè беше љубовта – нејзиниот сопруг е обичен човек којшто го запознала на колеџ.

Фото: Профимедиа

Мако Комура (30) сега работи во азиската уметничка збирка на култниот музеј и помага во поставувањето на изложби на слики инспирирани од животот на монасите од 13 век, кои го претставуваат будизмот, пишува „Japan Times“.

Музејот се наоѓа на Апер Ист Сајд и е оддалечен 10 минути возење од еднособниот стан во Хелс Кјчен кој го дели со сопругот, идниот адвокат Кеи Комура (30). Иако живеат во еднособен стан, тој наводно е луксузно уреден. Зградата е опремена со теретана за велосипеди Peloton, студио за јога, внатрешен спа простор, симулатор за голф, скара, пинг-понг, библиотека и вратар. Еднособните станови во таа зграда се изнајмуваат за 4.809 долари месечно, додека цената на двособните е 7.085 долари.

Фото: Профимедиа

Двојката беше свршена осум години пред да се венчаат минатиот октомври. Нивната венчавка беше мала граѓанска церемонија во Токио. Бидејќи само на машките членови на јапонското царско семејство им е дозволено да се венчаат со обичните луѓе, Мако одлучи дека повеќе нема да биде принцеза, а нејзините синови нема да бидат во ред за тронот. Сите да се омажат од љубов.

Мако и Кеи се запознале во 2013 година кога и двајцата студирале на Меѓународниот христијански универзитет во близина на Токио, каде што таа студирала уметност и културно наследство. Потоа продолжила да работи како специјална истражувачка во Музејот на Универзитетот во Токио. Студирала и историја на уметност на Универзитетот во Единбург во Шкотска и магистрирала од студиите на музејот и галеријата на Универзитетот Лејчестер во Англија во 2016 година, пренесува „Пипл“.

– Таа е квалификувана и веројатно се занимава со предмети во колекцијата. Тоа е работа која бара голема подготовка и честопати тоа значи многу време во библиотеката – рекол поранешниот кустос Мета за новата работа на поранешната принцеза.

Мако е ќерка на престолонаследникот Фумихит и внука на владејачкиот јапонски император Нарухито. Таа и Кеи „неофицијално се свршија“ во 2017 година, а планираа венчавка во ноември 2018 година.

Најпрво веста во Јапонија беше дочекана со одушевување, но потоа избувна скандал кога беше откриено дека неговата мајка, вдовицата Кајо, не му вратила 35.000 долари на својот поранешен свршеник со кои сакала да ја плати школарината на својот син. Критичарите веднаш го нападнаа Кеи дека сака да се омажи за принцеза само поради пари или слава.

Тој, пак, рече дека тоа е подарок, а не заем и дека ќе ги врати парите, но не е познато дали воопшто ги вратил.

Мако во 2020 година јавно побара од јапонската јавност да ја поддржи нејзината одлука да се омажи за обичен човек.

„За нас, нема никој друг, нема друга личност на која можеме да се потпреме и во среќни и во несреќни моменти“, рече таа.

Фото: Профимедиа

Тие се венчаа во октомври лани, а од кралската куќа соопштија дека младенците не сакале голема венчавка „бидејќи нивниот брак не го слават многу луѓе“. Пред да се преселат во Њујорк, Мако ги одби 1,3 милиони долари на кои имаше право откако го напушти кралското семејство.

Нејзиниот сопруг се обидува да положи правосуден испит во државата Њујорк за да стане адвокат откако не успеа минатото лето. Повторно го полагаше во февруари, но не е познато со каков успех.

ФОТО | Се омажи јапонската принцеза Мако: Поради љубовта со „обичниот смртник“ остана без 1,2 милиони евра богатство

ВИДЕО | Андоновиќ: Љубовта посилна од традицијата – По британскиот престолонаследник љубовта победи и кај јапонската принцеза

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот