Поради коронавирусот радикални исламисти нападнаа лекари со камења, полицијата едвај ги спаси (ВИДЕО)

epa08338720 A Kashmiri doctor walks inside a decontamination and sanitizing tunnel before entering a hospital, which has been designated as Covid-19 hospital, in Srinagar, the summer capital of Indian Kashmir, 02 April 2020. In Jammu and Kashmir Union Territory the lockdown continued for the 15th day to stem the widespread of the SARS-CoV-2 coronavirus which causes the Covid-19 disease. EPA-EFE/FAROOQ KHAN

Во Индија, земја со 1,3 милијарди жители, регистрирани се 873 заразени, од кои 19 починати од коронавирусот. Здравствените експерти семтаат дека бројот на заразени веројатно е многу поголем.

Откако во државата беше прогласена вонредна состојба, скандалите започнаа кога полицијата брутално почна да омаловажува и напаѓа лица кои се надвор од своите домови, иако претходно добиле дозвола за движење додека траат рестриикциите. Бруталноста отиде дотаму што една жена обвини дека полицијата го усмртила нејзиниот сопруг кога отишол до продавница да купи основни продукти.

Пред само неколку дена проповедник заразен со коорнавирус создаде вистински хаос откако посети 15 села и се’ уште е непознато колку лица зарази, а веќе нов скандал ја тресе оваа земја.

Инцидентот се случил кога тим од пет здравствени работници, од кои двајца лекари, тргнале да лоцираат новозаразени лица со коронавирус во индискиот град Индор, им се случила многу непријатна случка. Како што може да се забележи на снимка која вирално се споделува на социјалните медиуми, припадници на меѓународната екстремистичка организација Табгили Џамаат агресивно трчаат кон медицинскиот персонал и ги напаѓаат со камења. Медицинскиот тим сведочи дека се обиделе да им ја распрачат заштитната опрема, а кога полицијата ги факала напаѓачите, тие ги користеле своите жени како штитови.

„Во моментот кога почнавме да се распрашуваме за здравјето на една личност, толпа луѓе почна да протестира, им се приклучија и други луѓе, а потоа почнаа да не маваат со камења. Полицијата која што беше во непосредна близина не спаси“, изјавува докторката која била нападната, која иако се гледа на камера, не сака да го открие својот идентитет бидејќи најверојатно е исплашена од сe’ почестите напади врз медицинските лица во Индор.

Правин Џада, директор на болницата во Индор изјави „Нашиот тим работи да ги заштити луѓето од епидемијата на коронавирусот. Но лица доаѓаат и фрлаат камења по нив. Навистина несреќен инцидент“.

Но, зошто протестираат овие луѓе?

Според идеологијата на меѓународната екстремистичка организација Табгили Џамаат, а во која овие лица се пронаоѓаат, недозволиво било тоа што џамијата е затворена за молитва, бидејќи веруваат дека треба да се молат на Алах како што се молеле нивните претци кога исласмкиот пророк Мухамед бил жив – и тоа од ритуалите па се до начинот на облекување и личното однесување.

Според пишувањата на индиските медиуми, се потенцира дека изјавата на „шефот“ на Табгили Џамаат, Малуна Саад преку која апелира дека „Затворањето на џамии е погрешно“ и „Социјалната дистанца е конспирација против Исламот за да се направи раздор меѓу муслиманите да не јадат од иста чинија“ е директно поврзана со овој инцидент.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот