Склекови, ќотек или и двете: Полициска бруталност „во име на коронавирусот“ го шокираше светот (ВИДЕО)

epa08313023 A man wearing a protective mask walks on a nearly-deserted road in New Delhi, India, 22 March 2020. According to media reports Prime Minister of India Narendra Modi has asks citizens to impose a self-curfew on 22 March, in an effort to combat the spread of coronavirus and COVID19. The nations state government has cancelled trains and ordered the closure of all temples, educational institutions, bars and markets, among other public places. EPA-EFE/RAJAT GUPTA

Вознемирувачки видеа снимени во Индија циркулираат на социјалните медиуми, полицијата со брутално насилство ги казнува оние за кои смета дека ги прекршиле новите рестрикции за движење ширум земјата

Индиската полиција е обвинета дека претепала човек до смрт за кој сметала дека ги прекршил новите рестрикриции за движење, додека голем број граѓани се жалат на полициска бруталност откако биле најавени мерките за превенција, пишува Vice.

Полицијата апелира до граѓаните на Њу Делхи да си одат дома / 22 март 2020 /  ФОТО: EPA-EFE/HARISH TYAGI

Лал Свами, 32 годишен маж кој живеел во западниот дел на Бенгал, бил претепан од полицијата со долгите бамбусно-челични пендраци кои се користат во таа земја (т.н lathi) кога го напуштил домот за да купи млеко измината среда, изјавила неговата сопруга за индиските медиуми. Лал бил однесен во болница, но откако пристигнал бил прогласен за мртов.

Неговото семејство тврди дека тој подлегнал на тешките повреди кои му биле нанесени од нападот, додека полицијата тврди дека Лал починал од срцев удар.

Ова обвинение следува по серија напади од страна на индиската полиција врз лица кои биле излезени надвор, откако индискиот премиер Нарендра Моди воведе мерка за целосна изолација во земјата.

Многу видеа кои циркулираат на социјалните медиуми го прикажуваат сличното сценарио, полицајци ги удираат луѓето со лати или ги тераат да прават нешто понижувачко, како склекови, додека ги напаѓаат.

Јавниот гнев беше разгорен откако полицаец објави видео на неговиот твитер-профил, за потоа да го избрише, а на него се гледа како тамошен полицаец го дезинфицира пендракот пред да замине во „лов“ низ улиците, а како опис напиша: Full tayari (во превод: Тотално подготвен). Сепак, иако полицаецот ја избриша објавата, видеото остана присутно на социјалните медиуми.

Покрај растечкиот број на пријави за полициската бруталност, политичарите и бизнисмените апелираа до полицијата да покаже воздржаност и да дозволи доставата на основните продукти, како храна и лекови, да се одвива непречно, како што и налагаат рестрикциите.

Шаши Тарор, член на индискиот парламент напиша твит во кој го осудува начинот на кој полицијата се справува со ситуацијата „Апелирам до полицијата во Њу Делхи и насекаде да престане со ова насилно однесување“, напиша тој истакнувајќи „Контролите се во ред. Насилството не е“.

Кришнан Ганеш, кој е „мозокот“ зад огромна компанија која доставува храна и лекови, изјавил за индиската телевизија NDTV дека лицата кои работат како доставувачи во неговата компанија биле претепани од полицијата, која се изјаснила дека не знаела за тие исклучоци при рестрикциите.

„Полицајците очигледно не се свесни дека станува збор за есенцијални потреби, тие немаат механизми за да дозволат или забранат некому нешто. Во многу случаи, тие се строги, брутално тепаат луѓе“, вели тој.

Како одговор на обвинувањата, централната индиска влада изјави дека ќе преземе чекори за да се олесни доставата на есенцијалните продукти, а премиерот изјави дека доставувачите ќе добијат специјални дигитални пропусници со кои ќе можат да докажат дека смеат да бидат надвор.

Во меѓувреме, полицијата во индискиот град Меруту одлучи да ги казни прекршителите на самоизолација, така што ќе ги принуди да носат транспаренти на кои пишува „Јас сум му пријател на коронавирусот“, за да можат останатите граѓани да ги фотографираат и да ги објават на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот