Поради енергетската криза, Европа се врти кон јаглен и нуклеарна енергија

Фото: МИА

Соочени со енергетската криза предизвикана од руско-украинската војна, европските земји се свртеа кон јагленот и нуклеарната енергија, кои до неодамна планираа да престанат да ги користат, пренесува Анадолија.

Руското прекинување на природен гас како одговор на санкциите на Европската унија поради војната во Украина дополнително ја продлабочи енергетската криза во Европа.

Учеството на јагленот во вкупното производство на електрична енергија на земјите од ЕУ се зголеми на 16 отсто во 2022 година, а две години претходно беше 13 отсто. Употреба на јаглен Најмалку 26 затворени електрани на јаглен беа рестартирани во ЕУ минатата година.

Земјите на ЕУ со години ја ставаа безбедноста на снабдувањето со енергија на втор план под притисок на јавноста и наместо тоа се фокусираа на политиките за заштита на животната средина и спречување на климатските промени, но мораа да го променат својот став кога прекина протокот на природен гас од Русија.

Енергетската криза го намали противењето на употребата на јаглен и нуклеарна енергија во европските земји, пишува АлЏезира балканс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот