Популарниот зелен напиток за витка линија (РЕЦЕПТ)

Зелените сокови и смути-шејкови веќе неколку години се апсолутен хит во светот. Иако на прв поглед не делуваат баш највкусно, нивните позитивни ефекти ќе ве натераат да ги засакате и вие.

Речиси нема позната, славна жена што не го практикува како секојдневна навика, а повеќето од витките дами заслугите му ги препишуваат на овој специјалитет.

Се работи за сокови составени од зелен, лиснат зеленчук и малку овошје.

Тие имаа благотворно дејство на луѓето кои се мачат со вишок килограми, повишен холестерол или недостиг на енергија затоа што зелениот лиснат зеленчук содржи големи количини железо.

Рецепт што може да го испробате:

5 свежо исчистени листови кељ

1 излупен лимон

1 исчистено јаболко

2,5 cm корен од ѓумбир

неколку листови свежо нане

Подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер заедно со 120ml ладна вода. Мешајте додека не добиете густа смеса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот