Поповски: Сакам да играм за Македонија на ЕП 2020

фото: rkprolet.mk

Доколку се земат во предвид неговите одлични партии во дресот на РК Тинекс Пролет, но и фактот дека овој ракометар минатата сезона со Вардар стигна до трофеи во Лигата на шампионите, СЕХА-лигата и во домашното првенство.

– Оваа 2019 година дефинитивно ми е најуспешна во кариерата. Освоив многу трофеи, со Вардар имав бројни фантастични моменти. Иако не играв премногу во ЛШ, добивав шанси во СЕХА и во домашниот плејоф, мислам дека добро ја оправдав довербата на стратезите. Потоа по долги години решив да си заминам од клубот и да се преселам некаде каде што би играл повеќе. Од опциите кои ми беа на маса го избрав Тинекс Пролет и верувам дека не згрешив – вели Поповски за клупскиот сајт.

Одличните настапи за Тинекс Пролет му овозможија на Поповски и камбек во националниот тим, откако на претходните средби не беше повикуван од страна на селекторот.

facebook.com/rfmofficial

– И претходно бев на поширокиот список, но не се наоѓав меѓу оние кои ги играа натпреварите. Добрите игри за Тинекс Пролет сигурно беа препорака, но во секој случај селекторот е тој што избира и што знае како сака да игра неговата репрезентација. Јас секогаш сум ги почитувал изборите на тренерите, така беше и кога не играв за репрезентацијата. Сега сум дел од националниот тим и ќе сторам се за да се изборам за место на финалниот список, иако ни е јасно дека конкуренцијата за секое место во тимот е огромна.

Тој порачува и дека задачата на нашата репрезентација во групата на Европското првенство во Виена нема да биде ни малку лесна.

– Можеби противниците не се премногу атрактивни, но тоа не значи дека ќе ни биде лесно. Австрија и домаќин, со Чешка традиционално имаме проблеми, додека Украина може да биде незгодна. Групата е тешка, понатаму одат две селекции, така што навистина ќе мораме да дадеме се од себе доколку сакаме да се пласираме во следната рунда – додаде ракометарот на Тинекс Пролет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот