Поповски: Наша задача е вистинските информации да допрат до граѓаните

Критериумите за субевциите се многу јасни и прецизни, а се изработени во целосна констултација со ССНМ и новинарските здруженија истакна министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност.

Со субвенциубирање на придонесите од задолжителното социјално осигурување на вработените во медиумите Владата ја потврдува нејзината определба дека тие се еден од столбовите на нејзните политики за поддршката на медиумите и меиумските работници во максимум без никаква селективност и израз на благодарност за посветеноста на новинарите во справувањето со пандемијата, изјави министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски.

Тој нагласи дека критериумите за субевциите се многу јасни и прецизни, а се изработени во целосна констултација со ССНМ и новинарските здруженија. Уредбата ги опфаќа сите медиуми и се базира на начинот на кој тие се регистрирани согласно законките норми.

-Можат да добијат поддршка медиумите кои имаат дозвола за ТВ или радио емитување дадени од страна на АВМУ и се регистрарани во регистарот на ТВ или радија. Печатените медиуми од општ информативен каракетр кои се регистрирани во регистериот на издавачи на печатени медиуи на АВМУ. И електронските медиуми или порталите кои имаат веродостоен импресум – уредник , редакција, контакт податоци и адреса, да имаат регистраирано правно лице во РСМ и транспарентно да ја декларираат својата сопственост, рече Поповски.

Субвенционирањето ќе биде периодот јуни јули и август, при што медиумите треба да ги имаат платено претходно сите давачки кон државата, и да имаат најмалку три вработени, затоа што на тој начин ќе се селектираат сите кои во медиуската сфера работат професионално.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот