Проф. Поповски: Мајката ги одредува спортските гени кај децата

Фото: илустрација

Преку 1.000 гени се одговорни за спортските перформанси кај одредена индивидуа и тоа најчесто преку митохондријалната ДНК која се наследува од мајката- вели Зоран Поповски, професор на факултетот за земјоделство и храна. Тоа практично значи дека мајката односно нејзината ДНК одредува дали нејзиното дете ќе биде врвен спортист.

Поповски е прв научник од Македонија кој од 2020 година е член на Европската академија на науки и уметности со седиште во Лондон, а сѐ уште не е член на Македонската академија на науки и уметности.
Во моментов заедно со негова колешка работат на истражување на гени за прекумерна тежина. Тоа е и причина за неговото предавање на меѓународна конференција организирана од Федерацијата на европски биохемиски друштва.

„Имам чест да ги претставам моите истражувања на генетски биохемиски и нутритивни аспекти кои влијаат на прткумерната тежина кај луѓето. Тоа е активност со една докторантка. Јас сум по вокација биолог кој работи генетско инжинерство. Работам на Факултетот за земјоделски науки и храна. На заоѓање на кариера пак се вратив на хуманата медицина бидејќи тоа беа моите почетоци“, вели Поповски.

Тој објаснува дека последниве неколку години работат на молекуларните аспекти на прекумерната тежина кај младата популација.

„Загрижувачки е фактот што се претпоставува дека до 2030 година дури 38 отсо од светската популација ќе има прекумерна тежина. До сега се утврдени преку 300 гени кои се поврзани со прекумерна тежина, а 9 се дирекно одговорни за неа. До сега истражувани сите девет поединечно, но се зафативме со 4 од нив ги истражувавме паралелно. Овие четири гени се поврзани со количина на масти и ова се вкрстува со триглицериди, холестерол и гликемија“, вели Поповски. Се испитуваат стотина млади лица, нивни нутритивнни навики, нивната дневна динамика и количина на масти.

>- Се потврди дека доколку поседувате еден ген од гените одговорни за гојазност можно е да имате зголемена телесна тежина. Но овде главни фактори се исхраната, намалената физичка активност, евтината калорична храна- вели Поповски. Освен на прекумерна тежина работи и на т.н спортски гени.

– Во 2018 година бевме поканети од Австралискиот институт за спорт. Повод беше фактот што на олимпијада ниту еден медал немаше освоено од страна на австралиски спортист. Тогашниот премиер рекол дека мора наука да се вклучи да се освои некој медал на олимписки игри. Така е направена империија од знаења каде се применуваат најсовремени техники во проверка на психофизички карактеристики- вели Поповски. Тоа бил тригер да се направи некое истражување кај нас на нашите деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот