Понуда од скоро 500 милиони евра за Лео Меси!

epa08799509 FC Barcelona's Lionel Messi reacts during the UEFA Champions League group G soccer match between FC Barcelona and FC Dinamo Kyiv at Camp Nou stadium in Barcelona, Catalonia, Spain, 04 November 2020. EPA-EFE/Enric Fontcuberta

Еден од најдобрите во фудбалската игра, членот на Барселона Лионел Меси доби една неверојатна понуда. Британските медиуми шпекулираат дека Манчестер сити испрати понуда од 496 милиони евра на пет години во бруто износ.

Тоа се скоро 100 милиони по сезона, што би го направило Аргентинецот најплатен играч на планетата, со зголемување на платите од Барселона. Но, тоа не е ништо повеќе од она што го најавуваа „граѓаните“, а тоа се скоро 700 милиони евра за пет сезони.

Нема официјални преговори, пред сè затоа што Барселона не дозволи Аргентинецот да си замине, односно го потврди важечкиот договор во „спорот“.

Планот на Сити е Меси да биде две години на „Етихад“, со опција за уште една, а потоа да му се придружи на „братот“ на Сити од САД – Њујорк за уште две години.

Во Манчестер со оваа понуда ќе се обидат да го убедат шесткратниот најдобар играч на светот да ја прифати нивната понуда пред ПСЖ кој исто така е заинтересиран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот