Поништување на сезоната не е опција за Премиер лигата!

фото: твитер

И натаму се водат низа разговори меѓу ФА, клубовите и самите организации во Англија за тоа кога, како и дали да заврши фудбалската сезона 2019/2020.

Како што е веќе познато, британскиот премиер Борис Џонсон денеска најави попуштање на мерките, а до 1 јуни во Англија нема да се практикува професионален спорт.

Тоа значи дека од почетокот на следниот месец ќе се отвораат и опции за можно продолжување на натпреварувачката сезона во Премиер лигата. И натаму се водат низа разговори меѓу ФА, клубовите и самите организации во Англија за тоа кога, како и дали да заврши фудбалската сезона 2019/2020.

На денешната средба требаше да бидат објавени конкретни датуми за продолжување и завршување на првенството, но и пред тоа стана јасно дека оваа одлука е одложена затоа што сè уште има доста нејасни елементи…

Извршниот директор на Премиер лигата, Ричард Мастерс откри дека ставот на поголемиот број на клубови е дека тие преферираат натпреварите да ги играат на своите стадиони, а не на неутрални терени што се одвои како едно од можните сценарија за продолжување на натпреварувањето.

Наш приоритет секогаш ќе биде безбедноста на играчите, тренерите и менаџерите, стручните штабови, навивачите и пошироката заедница. Мораме да ги слушаме Владата, надлежните и медицинските експерти и продолжиме да ги следиме нивните совети. Владее една силна колективна волја за продолжување на сезоната. Ништо нема да биде одлучено додека не зборуваме со менаџерите и играчите – рече Мастерс.

Желбата е шампионот да се добие на теренот, а само уште малку му недостасува на Ливерпул да ја освои титулата, кој на табелата има дури 25 бода повеќе од вториот Манчестер сити..

Најверојатно едно е сигурно, дури и да не продолжи сезоната, Фудбалската асоцијација на Англија нема да дозволи нејзино поништување, а опција не е ниту крај без испаѓање.

Клубовите се едногласни дека договорите на играчите, кои истекуваат на 30 јуни, треба автоматски да бидат продолжени до крајот на сезоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот