Помошничката на гувернерот на Њујорк поднесе оставка

Ендру Куомо/ Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Мелиса ДеРоса, помошничката на гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, си поднесе оставка, една недела откако беше објавен извештајот на Државниот обвинител каде Куомо беше обвинет за сексуални злосторства врз 11 жени.

„Ми беше најголема чест во животот да служам во корист на граѓаните на Њујорк во изминативе 10 години. Отпорсноста, силата и оптимизмот на жителите на Њујорк за време на најтешките времиња ме инспирираа секој ден“ изјави ДеРоса во изјавата за Си-Ен-Ен.

ДеРоса ја поднесе својата оставка во пресрет на состанокот на Судската комисија на парламентот на Њујорк, кој би можел официјално да започне постапка за отповикување на Куомо.

„Лично. изминативе две години ми беа емоционални и психички исцрпувачки. Секогаш ќе сум благодарна на можноста која ја добив работејќи со толку талентирани колеги кои работеа во корист на државата“ додаде ДеРоса не споменувајќи го Куомо.

Во февруари, Дероса беше под притисок поради нејзината улога во администрацијата, која минатата година ги потцени смртните случаи од Ковид-19 во старечки домови, потсетува Си-ен-ен.

Бајден го повика гувернерот Куомо да поднесе оставка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот