Полусестрата на Меган Маркл тврди дека Арчи е роден од сурогат мајка и дека Хари можеби не е негов татко?

меган маркл
Меган Маркл и нејзината полусестра Саманта / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Саманта Маркл последниве години упати бројни обвинувања на сметка на својата позната сестра, Меган Маркл, а поради твитовите со кои наводно шири дезинформации, ѝ беше забрането да ја користи таа социјална мрежа, пренесуваат странските медиуми.

Твитер-профилот за кој се веруваше дека ѝ припаѓа на полусестрата на Меган Маркл, Саманта Маркл беше суспендиран од социјалната мрежа „Твитер“.

Ова се случи откако Ели Хол од „BuzzFeed News“ пред неколку дена објави дека се чини дека Саманта со години го користела својот твитер-профил за да споделува критики и лаги за Меган, вклучително и информацијата дека Меган всушност не ги родила своите две деца.

Твитовите, очигледно напишани од Саманта, кои Хол ги посочи, се однесуваат и на децата на Меган и Хари. Имено, на профилот се појавиле твитови кои сугерираат дека Меган ја лажирала својата бременост и користела сурогат, дека Хари не е биолошки татко на двете деца Арчи и Лилибет, дека Меган го лажирала спонтаниот абортус во 2020 година и слично.

„Мислам дека треба да биде задолжително да се дадат докази дека се родило дете од утробата на сестра ми и дека Арчи не треба да има титула бидејќи мислам дека во приказната е вмешана сурогат мајка“, напишала Саманта. „Нема ДНК докази дека Арчи е син на Хари и нема докази дека тој и Лили дошле од утробата на Меган“, наводно напишала Саманта.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by THE FAB FOUR 🇬🇧 (@ukfabfour)

Семејните проблеми на војвотката од Сасекс се пласираат во јавноста откако таа ја официјализираше врската со принцот Хари. Адвокатот на Саманта, пак, тврди дека нејзиниот профил бил хакиран и дека таа воопшто не ги напишала сите објави против Меган. Засега војводата и војвотката од Сасекс немаат коментар за овие случувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот