Полска го избрала новиот селектор

Фото: EPA-EFE/Rolex dela Pena

Фернандо Сантош по завршувањето на Европското првенство ја напушти клупата на Португалија, но како што стојат работите тој повторно ќе биде селектор.

Познатиот италијански новинар Фабрицио Романо пренесува дека Полска го избрала Сантош за нов селектор.

По неуспехот на Мундијалот во Катар Фудбалскиот сојуз на Португалија се раздели со 68-годишниот стратег кој ги одведе до титулата на Европското првенство во 2016 година.

Полјаците сметаале дека Сантош е вистинскиот човек за нив и му понудиле договор до 2026 година. Пред него била поставена јасна цел, пласман на Европското првенство во 2024 и Мундијалот кој се одржува два години подоцна во САД, Мексико и Канада.

Ќе потсетиме, клупата на Полска ја напушти Чеслав Михневиќ кој си замина по поразот од Франција на Светското првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот