Полната Месечина во Вага има своја мисија – од утре очекувајте силна енергија на промени
Полната Месечина во знакот на Вага, која ќе го осветли небото на 1 и 2 април 2026 година,носи силна енергија на промени, но и потреба за рамнотежа во сите сегменти од животот. Позната како „Розова Месечина“ (го добила името по расцутените пролетни цвеќиња), таа е симбол на будењето и новите почетоци.
Препорачано
Овој астролошки момент го нагласува односот помеѓу личните желби и потребите на другите. Додека Сонцето во Овен е насочено кон акција и сопствениот пат, Месечината во Вага го става фокусот на партнерствата, хармонијата и заедништвото. Токму оваа спротивност носи кулминација на ситуациите кои се развиваа уште од есента 2025 година, принудувајќи нè да се соочиме со нерамнотежата која повеќе не може да се игнорира.
Промени во односите и емоциите
Во прв план доаѓаат емотивните, деловните и пријателските односи. Сè што беше нејасно сега бара дефиниција. За паровите, ова е период на важни разговори и донесување одлуки кои водат кон поголема стабилност или промена на правецот. Слободните можат да доживеат неочекувани средби со голем потенцијал, додека деловните партнерства влегуваат во фаза на разрешување и конкретни договори.

Поставување здрави граници
Оваа лунарна фаза јасно покажува каде постои дисбаланс и каде се дава повеќе отколку што се добива. Наместо да го доживеете тоа како проблем, се отвора простор за искрен дијалог и поставување здрави граници. Клучот за сè е отворената комуникација.
Искреност кон себе
Иако фокусот е на односите со другите, се нагласува и важноста на односот со самите себе. Потиснувањето на сопствените потреби заради привиден мир веќе не е одржливо. Овој период поттикнува интроспекција и прифаќање на сопствените емоции како темел за поздрави врски со околината.
Двете недели по полната Месечина претставуваат силен период за поставување намери, особено во љубовта. Енергијата на Венера дополнително инспирира да се пронајде убавината во секојдневните нешта и уметноста, потсетувајќи дека вистинската рамнотежа доаѓа од складот помеѓу срцето и разумот.


