Полина имаше 9 години, беше 4-то одделение. „Таа беше убиена од руски саботери“

Полина/ Фото: Фејсбук

Украинските власти тврдат дека повеќе од 350 цивили, меѓу кои 16 деца, се убиени од почетокот на руската инвазија на Украина. Првото убиено дете чие име беше објавено е ученичка од четврто одделение од Киев по име Полина. Украинските медиуми пишуваат дека таа имала девет години.

Таа и нејзините родители беа убиени од руска диверзантско-извидувачка група која отвори оган врз нивниот семеен автомобил, изјави заменик-градоначалникот на Киев, Володимир Бондаренко.

Повредени и брат и сестра

Братот на Полина е повреден и се наоѓа на лекување во детска болница, додека нејзината сестра е на интензивна нега.

Во петокот почина и седумгодишната Алис Хланс. Таа беше убиена во ракетен напад врз детска градинка во градот Охтирка во североисточниот регион Шуми. Тогаш беа убиени вкупно пет лица.

Главниот украински обвинител Ирина Венедиктова изјави дека девојчето било пренесено во болница со сериозни повреди и починало следниот ден. Лекарите се борат за животот на уште едно дете кое тој ден беше повредено во градинка.

ВО ЖИВО | Продолжува конфликтот меѓу Русија и Украина, вести од минута во минута

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот