Полициски час во Солун, Халикидики и уште девет грчки региони

Ковид Грција/ Фото: EPA-EFE/KOSTAS TSIRONIS

Солун, Лариса, Халкидики и Килкис од утре преминуваат во црвената зона и се воведува полициски час од еден часот по полноќ до шест часот наутро и забрана за музика во угостителските објекти во текот на целиот ден, а истите рестрикции се продолжуваат во седум грчки региони, пренесува Ројтерс.

Поради влошената епидемиолошка состојба, четирите региони од северна Грција, веќе се во црвената категорија, а рестрикциите стапуваат во сила утре наутро и ќе важат до следниот петок.

Рестриктивните мерки се продолжени и во областа Пиерија во која спаѓаат Катерини, Паралија, Неи Пори, Платамона и сл, во областите Иматија, Пела, Кавала, Касторија и Ксанти, сите во северниот дел на земјата.

Поголемиот дел од Грција е во портокаловата зона, а само неколку региони, повеќето од нив острови, се во зелената категорија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот