Полицијата заплени уште еден тон марихуана, сега од фирма во Валандовско
Полицијата денеска запленила уште еден тон марихуана, од складиште на компанијата „Грин лајф“ во валандовското село Јосифово. „Грин лајф“ е една од шесте компании на кои државата им ги одзеде лиценците за одгледување канабис за медицински цели, во рамките на истрагата за петте тони марихуана од Македонија која во село кај Крушевац пред еден месец ја пронајде српската полиција.
Препорачано
-По наредба на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица, ОВР Валандово, денеска извршија претрес во простории на правен субјект за производство на марихуана во село Јосифово, велат од МВР.
Според податоците за компанијата достапни на интернет, „Грин лајф“ одгледува зачински, ароматични и лековити растенија, како и растенија за употреба во фармацијата.
Од досегашните информации кои ги споделија полицијата и Обвинителството, во истрагата за нелегална трговија со марихуана, запленети се повеќе од 40 тони марихуана.
Апасиев откри како би ги „решил“ фабриките за медицински канабис


