Полицијата во „Идризово“ бараше оружје и наркотици
Полициска акција е спроведена во казнено поправниот дом „Идризово“. Според информациите на Министерството за внатрешни работи, претресот во казнено поправната установа почнал утринава, а како што велат од МВР, целта на акцијата е пронаоѓање на предмети за кои постои сомнеж дека со нив биле сторени кривични дела.
Препорачано
Притоа, извршени се претреси во КПУ Идризово, со цел пронаоѓање недозволиви или забранети предмети кај лица осуденици кои се на издржување казна затвор, како резултат на зајакната меѓуинституционална соработка, во насока на превентивно делување и спречување на вршење на кривични дела во казнено-поправните установи.
-По добиена наредба од Судија за претходна постапка извршени се претреси во вкупно 25 ќелии во различни одделенија во КПУ Идризово. При претресите пронајдени се: поголема сума на парични средства од законски дозволените кои осудените лица можат да ги поседуваат во различни валути и апоени, 50-тина мобилни телефони, компјутерска галантерија, 37 ножеви и повеќе други остри предмети, дрога во прашкаста, течна состојба и таблетки и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривични дела – изјави портпаролот на МВР Сузана Прањиќ Талевска.


