Фото: МИА

ФОТО: Полицијата влезе во тетовска берберница — во дуќанот пронајдени пиштол, марихуана и вага

Полицијата во петокот извршила претрес во берберница на улицата „Преспанска“ во Тетово и пронашла марихуана, вага и пиштол, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Објектот го користел 21-годишниот Б.Л. од Тетово, кој не бил присутен за време на акцијата која се извршила во 13.10 часот.

Фото: МВР

Претресот бил спроведен во присуство на 23-годишниот Х.А. од Тетово, син на сопственикот на куќата под која се наоѓа берберницата, кој ја отворил вратата по наредба на полицијата.

При контролата биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со марихуана, околу 2.000 празни ќеси за пакување, дигитална вага и пиштол марка „Зораки“, калибар 9 милиметри со една празна рамка.

Фото: МВР

Од МВР информираат дека по целосно расчистување и документирање на случајот против Б.Л. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Претрес во охридско, пронајдени дрога, оружје и муниција, лишено од слобода едно лице, следува пријава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот