Полицијата упадна на јахтата на Дејвид Бекам, децата го прекршиле законот

викторија и дејвид бекам
Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Како што откриваат британските медиуми, легендарниот фудбалер Дејвид Бекам завршил на полициски распит за време на неговиот одмор во Италија, а сето тоа поради неговите деца кои го прекршиле законот.

Фотографиите што ги објави британски „Сан“, го покажуваат доаѓањето на поморската полиција со службен брод до луксузната јахта на која семејството Бекам крстарела по брегот на Амалфи во Италија.

Причината е што децата на легендарниот фудбалер, 16-годишниот Круз и 10-годишниот Харпер се возеле со џет-скии, а италијанските закони се доста строги по тоа прашање.

Имено, ако сакате да возите џет-ски во Италија, мора да имате дозвола, а може да ја добиете дури на 18-годишна возраст, што ниту едно од децата на Бекам ја нема.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)


Разговорот траел околу 45 минути, а интересно е тоа е што полицајците го замолиле Дејвид Бекам да се фотографираат со него.

Во моментот кога полицијата пристигнала на бродот, Бекам се сончал на горната палуба, но веднаш се симнал да разговара со нив и да ја реши ситуацијата.

Според зборовите на очевидците, Харпер и Круз носеле појаси за спасување и возеле близу до јахтата, па на никому не му е јасно зошто е толку врева. По пристигнувањето на полицијата, Бекам ги повикал децата, кои веднаш пристигнале на јахтата.

Во еден момент побараа документи кои Дејвид им ги покажа. Се чини дека веќе порано препознаа за кого станува збор, дури и побараа да направат селфи со него – раскажал очевидец.

Инаку, семејството Бекам пристигна во Италија минатата недела. Освен Круз и Харпер, со Дејвид пристигна и неговата сопруга Викторија, како и синовите Ромео и Бруклин. Им се придружи и свршеницата на Бруклин, Никола Пелц.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот