Припадник на полицијата ги надгледува мигрантите / Мигрантски камп Липа / Септември 2020 / Фото: ELVIS BARUKCIC / AFP / Profimedia

Полицијата приведе двајца криумчари на мигранти од Косово, определен им е притвор

Полициски службеници од полициската станица за граничен надзор Михајлово вчера во 06:30 часот на наплатна станица Демир Капија на автопатот Гевгелија-Неготино, ги привеле А.Г. (42) и Г.Г. (39), двајцата од Косово, откако при сообраќајна контрола било утврдено дека превезувале седум лица мигранти од Египет, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Полициските службеници запреле возило „фолксваген траснспортер“ со косовски национални ознаки, управувано од А.Г. и возило „шкода октавија“ со косовски национални ознаки, управувано од Г.Г., при што во возилото „фолксваген“ биле пронајдени седум лица мигранти од Египет и било констатирано дека возилото „шкода“ било претходница.

-За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Против косовските државјани е поднесена кривична пријава по член 418-б од Кривичниот законик и им е определена мерка притвор во траење од 30 дена – информираат од МВР.

Двајцата се спроведени во Казнено-поправната установа затвор „Скопје“ за издржување на мерката, додека мигрантите се сместени во Центар за баратели на азил во Визбегово-Скопје.

Би-би-си: Маскирани мигранти тајно работат за грчката полиција, бркаат други мигранти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот