Полицијата конечно фати еден од измамниците со лажни сообраќајни несреќи
По десетици случаи од почетокот на годинава во кои повозрасни луѓе беа измамени со приказната дека нивни блиски роднини направиле сообраќајна несреќа и усмртиле дете, како и стотици илјади евра практично дадени како поткуп за роднините да не одат во затвор, полицијата соопшти дека уаприла 53-годишен жител на Битола кој измамил 88-годишна жена и 67-годишен маж, од кои успеал да земе над 55.000 евра.
Препорачано
„СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.А.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „измама“. На 23.10.2025 пријавениот со уште едно лице во три наврати и со лажно прикажување или со прикривање факти измамиле 88-годишна битолчанка и 67-годишен битолчанец и се обиделе да измамат 92-годишен битолчанец. Делото го сториле на тој начин што другото лице телефонски им се јавило и ги довело во заблуда дека нивни блиски направиле сообраќајна несреќи и доколку не сакаат да одат во затвор ќе треба да им платат одредена сума на пари. Битолчанката на возраст од 88 години и 67-годишниот битолчанец им дале 54.000, односно 900 евра и 22.000 денари, а парите ги земал првопријавениот. Додека, 92-годишникот откако тргнал да ги однесе парите на договореното место, бил спречен од неговите син и снаа. По преземени мерки, истиот ден во 17:10 часот во Битола, полициски службенци од СБР Битола го лишиле од слобода Б.А. и при преглед кај него пронајдени се мобилен телефон и паричник со пари кои потекнуваат од кривичните дела. Со него е извршен службен разговор, при што го признал делата“, велат од полицијата.
Жена од Скопје останала без 36.000 евра – му ги дала на измамник кој ја излажал за ќерка ѝ


