Основно јавно обвинителство - ОЈО / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Полициски службеници и пожарникари попладнево го пребаруваат теренот околу кејот на Зрновска река каде во местото викано Ѓошевски во кочанското село Зрновци беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање. Жената не е идентификувана, а причините за смртта се уште не се утврдени. Телото ќе биде предадено на обдукција, информираа претходно денеска од полицијата и од Јавното Обвинителство.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска во СВР Штип е пријавено дека околу 10:40 часот во село Зрновци во местото викано Ѓошевски орев во близина на Зрновска Река е пронајдено човечко тело во фаза на распаѓање. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ЈОРСМ информираше дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани врши увид на локација каде е пронајдено тело на почината жена. Починатата не е идентификувана. Ќе биде наредена обдукција, а причините за смртта се уште не се утврдени.

Во Зрновци e пронајдена мртва жена, Обвинителството ќе ги проверува причините за смртта

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот